how to build a website for free

Протокол и правила за одвивање на трката

Протоколот и правилата мора да ги почитуваат сите учесници во трката

Доаѓање на старт

Секој учесник ќе треба да дојде на стартот со својот велосипед спремен за трка. На стартот треба да се појави 10 минути пред своето стартно време кое е објавено во стартната листа. Редарите на трката ќе ве спроведат до стартната линија.

Медицински екипи

На влезот во зоната на старт ќе има медицинска екипа која доколку процени дека некој од учесниците  има телесна температура повисока од 37.2 ќе биде отстранет и нема да му биде дозволено да ја стартува трката. На три места на патеката ќе има медицински екипи.

По завршување на трката

После влегување во целта, учесникот треба да одржува дистанца и да врши дезинфекција на рацете на местата означени за тоа.

Право на учество

Право на учество имаат сите постари лица од 16 години во категоријата ПРО и ХОБИ. При подигање на стартните броеви секој учесник потпишува изјава дека настапува по своја одговорност, за малолетните лица во трките ПРО КИДС оваа изјава ја потпишува нивниот старател.

Задолжителна опрема

Задолжително е носење кацига, и секој доаѓа на трката со исправен велосипед. Не се дозволени Еко велосипеди, односно електрични велосипеди.

Сервисирање на точаци

Доколку имате потреба пред стартот или по завршување на трката, во зоната на стартот ќе има и неколку пункта за сервисирање на велосипедите од наши познати велосипедски продавници кои ќе имаат свои штандови.

Ограничен број на учесници

Бројот на учесници е ограничен во сите категории. Пријавувањето може да биде затворено и пред предвидениот рок.

Резултати и награди

Резултатите на сите натпреварувачи и ранг листата ќе можат да се следат во живо на нашата веб страна и на www.tagtiming.mk
Церемонија на прогласување на победниците ќе биде дополнително соопштена. Најдобрите 3 во машка и женска конкуренција, во сите категории ќе бидат наградени.
Во трката ХОБИ ќе бидат наградени и најдобрите во три возрасни категории.

Важни информации

Секој натпреварувач се замолува да ги почитува правилата и протоколот на трката, како и сите важечки прописи донесени од надлежните институции во Р.С.Македонија.
Доколку натпреварувачот не се придржува до правилата и протоколот ќе биде замолен од нашата редарска служба да го напушти местото на одржување на трката.