free bootstrap templates

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ТРКАТА

Пред да се пријавите за трката прочитајте ги условите за учество кои се составен дел од вашата пријава за трката


Следната изјава е составен дел од вашата регистрација за учество нa HALK VELO GREEN која ќе се одржи на 8 септември 2021 во Маврово :
"Со поднесување на оваа моја апликација и пријава за трката HALK VELO GREEN,
Изјавувам дека сум психо-физички способен/способна за оваа трка и организаторите не сносат никаква одговорност за моите физички или материјални штети доколку настанат за време на одржување на HALK VELO GREEN. Се обврзувам дека ќе ги почитувам сите правила што се наведени на веб страната на организаторот. Лекарскaтa екипa има право да ме отстрани од стартот на трката доколку констатира зголемена телесна температура и опасност по моето здравје и здравјето на другите присутни лица. Потврдувам дека сум информиран/информирана дека на организаторот на оваа трка му припаѓаат сите права за промотивно користење на моето име, глас, фотографија или видео запис, вклучувајќи ги сите видови на рекламирање, на радио, ТВ и интернет, како и за други рекламни потребни на организаторот.
Потврдувам дека сите мои информации во пријавата се точни. После регистрацијата, нема да имам право на рефундирање на уплатените средства, и промена на стартното време.
Организаторот си остава за право да ги промени правилата на трката и фондот на награди доколку тоа го наметнуваат условите."
За да се осигура вашата заштита на приватност вашите податоци се зачувани во електронска форма.