how to create your own website

ПРИЈАВУВАЊЕ

Бројот на натпреварувачи на HALKVELOGREEN е ограничен.

Затоа ве повикуваме да се пријавите уште веднаш. 

Пријавувањето го затвораме на 3 септември 2023, но доколку максималниот капаците на учесници биде исполнет порано, пријавувањето ќе биде затворено и пред крајниот рок.

Пријавувањето се врши преку нашиот партнер за пријавување www.smartrace.club ,
Пред да се пријавите за трката ве молиме да ги прочитате условите за учество во трката кои се составен дел од вашата пријава. 

Категории на трки:
- ХОБИ (мажи и жени)/ должина 22км
- ДЕЦА (машки и женски) - од 6 до 12 години / должина 12км
- ДЕЦА (машки и женски) - од 13 до 17 години / должина 22км
*Во моментот на пријавување, при пресметката на годините се зема во предвид возраста на учесникот на почеток на годината, односно на 01.01.2023 година.

HALK VELO GREEN

Котизациите за учество на трката изнесуваат:
600 ден - од 10 јули до 13 август
800 ден - од 14 август до 3 септември

Сите собрани котизации се наменети за хуманитарна и општествена цел. 

Содржина на стартен пакет на сите трки:

  • Стартен број со чип 
  • Медал за завршена трка
  • Освежување
  • Онлајн диплома
  • Бесплатни фотографии од трката (Pic2Go)
  • Подарок од Халкбанк
  • Подарок од пријателите на трката
  • Осигурување од несреќен случај за времетраење на трката